Четиринаесет лица се полесно повредени во седум од вкупно 11 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четиринаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за непрописно престигнување.
Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Затекнати биле 48 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 60 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот