| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Груевски-Мета: Притворот за Едмонд Темелко е доказ за политички притисок и нечовечки третман

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес (20 ноември 2017та година) заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оствари средба со претседателот на Република Албанија Илир Мета.

На средбата се разговараше за македонско албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија.

Соговорниците ги реафирмираа заложбите за отворена економска и политичка соработка меѓу двете држави базирана на принципиелна основа.

Груевски посочи дека во поглед на остварувањето на приоритетот за влез во НАТО значајна е поддршката на сите земји членки на алијансата вклучително и поддршката на Република Албанија, а воедно тој посочи постојат заеднички предизвици за напредок на патот кон Европската Унија, во чие надополнување соработката е добредојдена.

Воедно Груевски запознавајќи го својот соговорник за актуелните случувања во државата го отвори и случајот со притворот на Едмонд Темелко кој е единствениот Македонец по потекло градоначалник во Република Албанија. Тој истакна дека одлуката за притвор е резултат на политички притисок и не е заснована на правни принципи. Воедно Груевски изрази загриженост за неговата здравствена состојба која е влошена, и која е доказ за нечовечко однесување и постапување спрема човекот кој е борец за човекови права и градоначалник во општина во Албанија.

Груевски посочи дека од соседните држави треба да се очекува политика на заемно почитување и придонес за зајакнување и исполнување на приоритетите. Таквата политика ќе доведе до релаксирање на атмосферата и градење на доверба која е потребна за економски и политички напредок на регионот. Занимавањето и потенцирањето на етноцентристички теми и идеи не придонесуваат за развој на добра атмосфера и меѓусебна доверба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top