| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во фабрика за козметика – 13 повредени

Тринаесет лица, меѓу кои и петмина пожарникари се повредени во две експлозии и пожар во фабрика за козметички производи во Њу Виндзор, на околу 80 милометри северно од Њујорк.

Според официјалните информации, првата експлозија се случила околу 10.30 часот во фабриката за козметика Верла Интернешнл. Додека пожарникарите интервенирале во фабриката, се случила и втората експлозија.

За среќа, на ниту еден од повредените не им е загрозен животот. На пожарникарите во гаснењето на пожарот им помогнале и тимови задолжени за опасни супстанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top