Просечната должина на пенис во светот е 14 сантиметри, а многу се интересни статистиките од регионот. Според податоците на порталот „ТаргетМап“ Македонците скоро совршено се вклопуваат во оваа статистика – 13,98 сантиметри. Во светскиот просек се вклопуваат и Словенците со 14,01 сантиметри.
Во Србија просекот е 14,87 сантиметри, а во Хрватска 14,77 сантиметри.
Но, во регионот, Македонците, Србите и Хрватите може да се засрамат пред големината на Босанците, кои се втори по големина на половиот орган во Европа со просек од 15,65 сантиметри.
Првото место го имаат Грузијците со 15,66 сантиметри, а на крајот на листата се Грците, Италијаните, Ирците и Романците со нешто повеќе од 12 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.