Поетесата и книжевен преведувач Наташа Сарџоска гостуваше на меѓународниот поетски фестивал „Арс поетика“ во Братислава, каде нејзината поезија е објавена на англиски и на словачки јазик во издание на фестивалот.
Сарџоска објавила неколку книги поезија и влегла во потесен избор за наградата за најдобра поетска книга „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Нејзината поезија е преведена на српски, шпански, италијански, турски, хрватски и англиски јазик.
Таа пишува и есеи, раскази и се занимава со книжевен превод од италијански, португалски, шпански и француски јазик. Сарџоска во своите настапи соединува и други уметности како сликање и пеење.
Нејзиниот следен настап е на 22 ноември во книжевното кафуле „Метаноја“ во рамки на Неделата на италијанска кујна организирана од Италијанската амбасада, каде што ќе чита стихови од италијански поети на македонски и италијански јазик на тема вино.
Заедно со Наташа ќе настапат и Бона Деа кои ќе изведуваат италијански песни на тема вино и гастрономија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.