| четврток, 6 декември 2018 |

Судењето за „Поткуп“ одложено за 25 декември

Рочиштето за „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, што требаше да продолжи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 25 декември 2017 година.

Судењето е одложено за да се дочека одлуката на Апелацискиот суд на 27 ноември за тоа дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во постапката.

Заев во придружба на своите адвокати денеска се појави на закажаното рочиште.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека во својство на градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Претходното рочиште, на 27 септември, беше одложено поради отсуство на судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top