| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ја укина забраната за новинарката Костовска за влез во земјата

novinarski-protest-11Грција ја укина забраната за влез во Грција на новинарката на дневниот весник „Дневник“, Ивана Костовска. Костовска за „Дневник“ вели дека ја контактирале од грчката амбасада во Скопје само да ја информираат дека од сега може да патува во Грција, но не и објасниле зошто пред две недели беше прогласена за непожелна личност во земјата и вратена во Скопје.

-Неофицијалното објаснување на конзулката е дека, најверојатно, се работело за грешка. Претпоставуваат дека можеби станува збор за друга личност со исто име и презиме, што е необично, бидејќи во документот што ми го дадоа на граница е посочен бројот на мојот пасош. Без оглед што оцената на конзулката е дека случајот имал среќен крај, мислам дека кога некој ќе ве врати од граница, би требало да ви објасни зошто се случило тоа – вели Костовска.

Минатата недела новинарите излегоа на мирен протест пред грчката амбасада за да искажат незадоволство од однесувањето кон нивната колешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top