Како дрогата влијае на сексот и ерекцијата кај мажите?! Некои сметаат дека го зголемува задоволството, други дека ја спречува ерекцијата. Но, еве што велат научниците после децениско истражување:
Марихуана
Марихуаната ги стимулира сетилата, посебно сетилото за допир. Бројните приказни за долгиот секс под дејство на марихуана се најчесто лажни поради тоа што чуството за време е нарушено. Она што може да пречи во сексот е нападите на смеење, губењето концентрација и големата желба за нешто слатко.
Екстази
Главната состојка во екстазите е МДМА, која е стимуланс и има психоделично дејство. Под дејство на оваа дрога, најчесто се јавуваат чувства на вљубеност, а и желбата за допир е многу јака. Оние што се под дејство на оваа дрога многу лесно стапуваат во интимни односи. Но, сите тие чуства најчесто предизвикуваат импотенција кај мажите, па сѐ се сведува на предигра.
Кокаин
Кокаинот ја зголемува сексуалната желба, лобидото, ерекција и многу полесно се постигнува оргазам. Неговото својство на локален анестеик многу помага при сексот, па неретко се користи и за време на самиот однос. Нанесување сосема мала доза на половите органи многу кратно го зголемува времетраењето на односот и поради тоа најчесто се доживуваат многу оргазми.
ЛСД
Оваа дрога е халуциногена и тотално ја менува перцепцијата. Слушање бои и гледање звуци, најописно го доловува дејството. Емоциите не се под контрола, па лесно од еуфорија може да се доживее страв. ЛСД никогаш не се поврзувало со сексот и неговите ефекти се непознати.
Алкохол
Алкохолот ја зголемува сексуалната желба, либидото се зголемува, но неговото влијание врз сексот е најчесто негативно. Ги шири малите капилари низ целото тело, па затоа најчесто негативно влијае врз ерекцијата кај мажите зашто нема доволно крв во пенисот. А кај жените може да предизвика недоволна влажност на вагината, па поради тоа самиот секс да биде болен. Рамнотежата, координацијата и концентрацијата се нарушени, за лошиот здив нема потреба да спомнуваме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.