Две пациентки физички нападнале лекар и две медицински сестри на ургентното одделние во битолската болница. Според „Дневник“, кој прв ја објави информацијата, драмата се случила во саботата нешто по полноќ на првиот кат од болничката зграда кога две пациентки, најверојатно под дејство на алкохол, пристигнале со такси-возило, влегле во Одделението за ургентна медицина и побарале лекарска помош.
– При укажување лекарска помош дежурниот лекар и двете медицински сестри биле физички нападнати. Лекарот повикал полиција, а полицаецот на двете битолчанки им дал платни налози да платат казна за физички напад – изјавила Магдалена Димитровска, портпаролка на битолската полиција.
Медицинскиот персонал, кој бил нападнат, не заработил посериозни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Полицаец нападна новинар: Што снимаш, бе ти со телефонот, дај ваму !(видео)
-
Лекар од Мексико тврди: Човекот со најголем пенис лаже, кожата му е до колена