| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Жена лажно се претставува во Тафталиџе како мајка на Валерија и бара пари

Мајката на Валерија Зафировска, Марина предупреди дека некоја жена во Тафталиџе 2 во Скопје, се претставувала во нејзино име и собирала пари за Валерија.

-До сите пријатели. Имаме дојава дека некоја жена оди во Скопје, поточно во Тафталиџе 2 од врата на врата и се претставува како мајка на Валерија и собира пари со изговор дека и требаат за престој во Турција. Жената немала никаква идентификација. Значи, средствата за Валерија се собрани. Нека и прости Господ на таа жена што ова го злоупотребува и се претставува како мајка на моето дете, напиша Марина на нејзиниот Фејсбук профил.

извор: eMagazin.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top