| четврток, 6 декември 2018 |

Водата во Струга сеуште не е безбедна за пиење (видео)

Водата за пиење од градскиот водовод во Струга не е здравствено безбедна за пиење. Матноста на водата сеуште е над дозволената граница ова го потврдиле континуираните контроли направени од страна на Центарот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден и раните утрински часови. Препораките до стружани се да не ја користат водата за пиење се додека не се подобри квалитетот.

Надлежните очекуваат нормализирање на состојбата а екипите на центарот за јавно здравје остануваат на терен да ја следат состојбата и во координација со инспекциските служби на агенцијата за храна и ветеринарство ќе преземаат соодветни мерки.

Инаку Струга се снабдува со вода од изворот во Шум –кој е еден од најпроблематичните кога станува збор за пречистување и дистрибуција на водата  низ водоводниот систем,особено  кога има обилни врнежи од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top