| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците го нападнаа Врање

Околу 200 Македонци за време на викенд ги посетуваат блиските градови во Србија за да ги испазарат потребните намирници. Секој од нив во просек троши по 5.000 динари (околу 2.500 денари), поради што трговците на југот од Србија задоволно ги тријат рацете.

Ова се дел од наводите на белградскиот весник „Блиц“, кој пишува опширно за шопингот преку граница и со другите српски соседи: Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Бугарија и Црна Гора.

– На улиците низ Врање за време на викендот се повеќе се слуша македонски јазик, бидејќи во шопинг доаѓаат преку 200 жители на соседната земја – пишува „Блиц“.

Нивното истражување покажало дека Македонците најмногу пазарат сувомеснати производи, сирење, кајмак, гардероба и обувки, поради што трговците во бројните бутици имаат двојно повеќе работа и промет од вообичаеното.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top