Возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 17:30 часот се случила на магистралниот пат во близина на делчевското село Очипала.
Како што информираат од полицијата И.С. (49) од село Ветрен-делчевско, управувајќи патничко возило „Фиат Добло“ со делчевски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото и се превртел.
По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип, при што било извршено алкотестирање на возачот и било утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,28 промили.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


