| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе се одбележува „Празник на липите”

Утре со почеток од 10 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи традиционалната поетска манифестација „Празник на липите”

books-584
Во првиот дел на свечен начин ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“ на македонскиот поет Ефтим Клетников и на поетот од Хрватска, академик Анте Стамаќ.

Наградите ќе ги врачи претседателот на ДПМ, Раде Силјан, а за творештвото на Клетников и Стамаќ ќе зборуваат Кристина Николовска и Наташа Аврамовска.

Манифестацијата ќе ја отвори претседателот на Организациониот одбор, Христо Петрески, а покровителот на „Празникот на липите“, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, ќе ја испрати традиционалната порака до скопјани.

На поетскиот митинг, во 12 часот, ќе настапат 25 поети со стихови посветени за Скопје. Поетската порака ќе ја испрати Василе Димески, а програмата ќе ја води Александра Велинова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top