Здравствената состојба на поранешната премиерка на Јулија Тимошенко се влошува. Нејзината ќерка Евгенија Тимошенко вели дека таа трпи сѐ поголеми болки поради кои консумира сѐ повеќе лекови.
-Мојата мајка цело време лежи. Таа не може да се помести ако некој не ѝ помогне. Не е во состојба ни сама да се облече – вели Евгенија.
Тимошенко е осудена на седум години затвор поради злоупотреба на власта, а тврди дека нејзината пресуда е освета на украинскиот претседател Виктор Јануковиќ и нејзината поранешна влада. Во затвор е од летото 2011 година, а во тек е и судење за даночни проневери. Се испитува и нејзината одговорност за убиството пред 17 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.