Пешак бил потешко повреден во една од вкупно 13 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет полесно биле повредени 10 лица, а во седум била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дванаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло.
Седум лица биле исклучени од сообраќај, четворица возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи кои го управувале возилото нерегистрирано.
Санкционирани биле и 25 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци кои поминале кловоз на црвено светло. Затекнати биле 64 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 77 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот