| четврток, 6 декември 2018 |

Судот ја укина одлуката за затворање на ЕРТ

Грчкиот државен совет, највисокиот управен суд во земјата, привремено ја поништи одлуката на владата за затворање на државната радиотелевизија ЕРТ.

По жалбите на синдикатот на ЕРТ одлуката за гаснење на радиотелевизискиот сигнал која владата неочувано ја донесе пред една недела државниот совет побара од надлежните министри да направат се за да се обезбеди повторно „привремена“ работа на јавната телевизија.

Премиерот Самарас на коалиционите партнери им предложил телевизијата да почне со работа под надзор на повереници од трите коалициони партии на власт. Тоа би било преодно решение, според кое би се вработиле одреден број новинари кои би работеле се додека не се донесе нарцт закон за јавниот аудиовизуелниот сектор. Во основањето на новата телевизија ќе се ангажираат советници од странство меѓу кои и од Би Би Си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top