Актерот Бред Пит е виден со принцезата од Монако, Шарлот Казираги во еден музеј во Лос Анџелес и веднаш тргнаа гласините дека тие се најубавиот пар во историјата на шоубизнисот.
Австралискиот магазин „Њу ајдиа“ објави дека Бред (51) и Шарлот (31) се во романтична врска, наведувајќи дека еден посетител на музејот изјавил дека актерот делувал сосема опчинето.
Бред веднаш излезе со демант, велејќи дека наводите се неточни, но времето ќе покаже кој ја зборува вистината.
Неговиот живот откако се разведе од Анџелина е под лупа на јавноста, па честопати го поврзуваа со различни актерки.
Шарлот е внука на Грејс Кели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.