| четврток, 6 декември 2018 |

Квадрат за трафика во Скопје- 6350 евра!

muzej na majka tereza 3

Земјиштето за барокните киосци во Скопје постигна рекордни 6350 евра за м2. Лицето Селим Муше понудило вкупно 50 000 евра за да ја добие парцелата од 8м2 на улицата Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза, на денешната аукција во Министерството за транпорт.

Земјиштето за барокните киосци во Скопје постигна рекордни 6350 евра за м2. Лицето Селим Муше понудило вкупно 50 000 евра за да ја добие парцелата од 8м2 на улицата Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза, на денешната аукција во министерството за транпорт. Освен рекордната, од понудините шест, продадени се уште две парцели за оваа намена. Истиот понудувач, Селим Муше, победил со 5 400 евра за квадрат за парцела на кејот до хотелот Холидеј Ин. За околу 110 евра од квадрат пак фирмата Супрема ДОО се избори да ја откупи парцела за киоск на аголот на Жена паркот, спорти трговскиот центар Соравија.

– „ Во однос на градежните парцели кои не беа отуѓени на денешното јавно наддавање, Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски ќе објави повторна објава во најкраток временски период.“ – одговорија меѓу другото од Министерството за транспорт и врски

Откако ќе бидат известени, победниците на аукциите имаат 15 дена да ги уплатат парите во Министерството за транспорт. Доколку го направат тоа, добиваат право на купените парцели да изградат сендвичари, но со изглед кој го избра Градот Скопје.

Рекордните суми постигнати денеска доаѓаат по силна конкуренција од неколку заинтресирани фирми за сендвичарите но и отстранувањето на досегашните вакви или слични привремени објекти низ центарот на Скопје. Почетната цена на аукциите беше нешто помаку од 100 евра од метар квадратен или околу 780 евра по парцела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top