Двајца непознати ооружени разбојници вчера вечер го ограбиле Кам маркет на улица Црвени Брегови, во скопската општина Чаир, потврдија од МВР.
Полицијата јави дека околу 21,20 часот во Скопје, на улица Црвени Брегови, две маскирани лица влегле во маркетот „КАМ-Маркет“ и со закана со пиштол извршиле разбојништво над две вработени, одземајќи 64.000 денари од дневниот промет. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.