Протестите кои во Турција траат веќе две недели, стануваат напорни за сите учесници. Граѓани бараат од полицајците и од демонстрантите да стават крај на немирите и инцидентите, а дека и полицајците веќе не можат да го издржат напорот доказ е една видеоснимка која кружи на интернет. Видеото е снимено додека еден од полицајците бара идентификација од фотографот, за веднаш потоа да упадне друг негов колега кој во наплив на бес почна да вика дека новинарите почнале да ги полудуваат полицајците.
Новинарите пренесуваат дека полицајците се под огромен стрес затоа што за цело времетраење на протестите воопшто не биле дома, туку спијат на улиците и постојано се на штрек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.