| четврток, 6 декември 2018 |

Композиција на Дарија Андовска ќе одекне во Мегарон концертната сала во Атина

Композиции на шест истакнати композиторки од Балканот ќе одекнат во Мегарон концертната сала во Атина.

На репертоарот на концертот ќе се најдат композиции на Дијана Ротару од Романија, Лина Тонија од Грција, Александра Карастојанова од Бугарија, Зејнеп Гедизлиоглу од Турција, Милица Ѓорѓевиќ од Србија и Дарија Андовска од Македонија.

Концертот со наслов „Балкански проект/ жените во модерната музика“ ја претставува новата музика преку диверзитетот и карактерот на Балканот, кој е точка на цивилизациско вкрстување и меланж, но и преку реномираните композиторки од 21 век, кои се предводници на оваа сцена.

Ансамблот Ергон ќе ја изведе композицијата „Zugzwang” од Дарија Андовска, за камерен ансамбл и фиксен медиум, која по својата премиера на ДММ 2011 со Е.А.R. Unit ensemble од САД, доживеа бројни изведби низ Европа и САД, како и изданија на носачи на звук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top