Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира Книжевно пладне посветено на Лилјана Пандева, добитник на престижната награда „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, за најдобра прозна книга за 2016 година, романот „Доилката“. За творештвото на Пандева ќе зборува Гоце Ристовски.
Настанот ќе се одржи на 16 ноември (четврток) 2017 година во спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 12.00 часот.
Лилјана Пандева е родена во 1964 година. Пишува проза и поезија. Таа е дипломиран професор по литература и македонски јазик и магистар по филолошки науки. Автор е на драмолетите за деца „Новогодишни едночинки“, романите „Од агендата на Калина Калин“, „Возовите на Луцерн“ и „Доилката“, на книгата раскази „Канцелариски колумни“ и поетската книга „Љубов од А до Ш и обратно“.
За наградениот роман Доилката, литературниот критичар Славе Ѓорѓо Димоски ќе напише: Роман, кој од првата до последна страница ве обзема со раскошна леснотија на читањето, бидејќи приказната што ни ја раскажува Лилјана Пандева, иако ставена во историски рамки и открива непознати детали од македонската историја е возбудлива, полнокрвна, поетична…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.