| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на претставата „Крвави свадби“ за роденденот на Битолскиот театар

На 14 ти ноември Битолскиот театар го одбележа својот роденден со претставата „Крвави свадби“, на Федерико Гарсија Лорка, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски.

Се работи за еден од најзначајните драмски текстови на 20-тиот век, напишан во 1932, а кој Лорка сам го поставил следната година на сцена. Текстот е напишан според вистински настан кој Лорка го прочитал во весник. Се работи за лирска љубовна трагедија за бракот од калкулација, за љубовта и љубомората, за страста и крвната освета, за честа и традицијата.

Во претставата играат: Соња Михајлова, Викторија Степановска Јанкуловска, Маја Андоновска Илиевски, Јулијана Стефанова, Менка Бојаџиева, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Борис Чоревски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Христина Стефановска, Димитра Николова, Јована Горко, а учествуваат и Талевска Биљана и Митровски Димитар.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимите на Благој Мицевски, композитор Марјан Неќак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top