Јужнокорејски рaпер Псај откри дека сѐ уште нема заработено ниту цент од нумерата „Гангнам стајл“, која стана глобален феномен. Пејачот ја објави популарната нумера во јули 2012 година, а таа за кратко време стана меѓународна сензација и се најде на врвот на топ- листите во повеќе од 30 земји, додека спотот стана првото видео што кога било на „Јутуб“ имал повеќе од милијарда прегледи.
Тој изјавил на британското радио „Киш“ дека сѐ уште ги чека парите од повеќе од 100 земји во кои се продавала песната.
– Сѐ уште чекам. Универзал! Универзал! Сѐ уште чекам – ѝ порачал Псај на дискографската куќа „Универзал“ која ја објави нумерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


