| четврток, 6 декември 2018 |

Сузана Турунџиева збесна: Ќе ме налутите и ќе ве блокирам

Пејачката, водителка и писателка Сузана Турунџиева се налути и на својот фејсбук-профил опомена некои од своите пријатели кои ѝ праќале од оние синџир-пораки што треба да се препратат на повеќе луѓе.

„Ги молам сите мои Фејсбук-пријател(к)и кои се на прва линија со универзумот да престанат да ми праќаат пораки од типот – ако не ја препратиш пораката, за 2 часа ќе се случи нешто лошо или ќе ти умре некој драг. Во моето семејство се случија толку многу лоши работи и умреа толку драги луѓе што ретко некој по сето тоа би останал присебен… затоа ќе бидам принудена да мавам блок! Сори“.

@Фејсбук“ сè почесто се користи за овие синџир-пораки во кои се вели дека кога ќе ја добиеш, мора да ја препратиш на извесен број пријатели на „Фејсбук“ заради здравје, љубов, пари, среќа… а може и нешто лошо да се случи ако не ја препратиш“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top