| четврток, 6 декември 2018 |

Огромен грабеж: Ископале бункер и преку него го ограбиле трезорот на банката

Непознати лица ограбиле банка во Мумбај откако ископале тунел под банката по што украле околу 250 илјади долари и злато.

Тунелот го копале цели два месеци, а ископаната земја ја ставале на празна површина во близина на продавница што ја изнајмиле неколку месеци претходно.

Крадците тунелот го ископале под банката до собата со сефови, од каде што ги украле парите и златото.

Тунелот бил долг 12 метри, а широк еден метар. Грабежот бил изведен за време на викендот, а бил пријавен во понеделникот, кога вработените во банката се појавиле на работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top