| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Синедејс“ на филмот „Словенија, Австралија а утре и светот“

Во рамките на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој е во тек во Скопје на 15 ноември, среда со почеток од 19 часот во киното „Фросина“ ќе се одржи премиерата на филмот „Словенија, Австралија а утре и светот“ во сценарио и режија на Марко Набершник.

Главните улоги ги толкуваат Јуре Иванушич, Минца Лоренци, Игор Брезник и Мојца Симонич. Во авторскиот дел учествува и македонска екипа преку Игор Василев – Новоградска како композитор и Горан Игњатовски како дизајнер на шминка. Музиката се снимаше во студиото Ф.А.М.Е.С. во Скопје, а постпродукцијата се одвиваше во компанијата „Фх3х“. Продуценти на филмот се Алеш Павлин и Андреј Штритоф, Перфо филм, а македонски продуцент е Роберт Насков, „Кино око“.

Филмот е словенечко-македонска копродукција, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија, Словенечкиот филмски фонд и РТВ Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top