Раперот Стефан Ѓуриќ Раста реши да ја отвори душата и признае колку тешко му паѓа што во медиумите е окарактеризиран како лош татко.
После шпекулациите дека Ана Николиќ го оставила поради се почестите отсуства од дома, раперот раскажал дека тој ретко излегува навечер, но дека и тоа се случува.
-Едноставно некогаш си давав одушка за да излезам. Тоа беше после пет месеци, половина година, воопшто да излезам. Морам да признаам дека ми годеа после толку време излегувањата. Сега веќе немам време како некогаш за ноќни излегувања – рекол Раста.
Тој не бил многу расположен да зборува за новонастаната ситуација во неговата куќа и разводот од Ана, но откри на кого личи ќерката Тара.
-Не сакам да зборувам за тоа, бидејќи Ана се лути. Полесно ми е да кажам дека ќерката личи на Ана, но да бидам објективен, навистина сите рекоа дека е мој клон. Секако драго ми е поради тоа-рекол Раста.
На прашањето дали научил да менува пелени, раперот ги изненади сите со одговорот.
-Верувајте дека научив се, иако на почеток беше невозможно. Ми делуваше како нешто што е неспоиво со мене, но тоа дојде толку природно и сега знам се – рекол Раста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цело време лажел: Ќерка на српски фолкер го растурила бракот на Раста и Ана?
-
Немој да се силиш, или ќе те иселиме од станот: Ана Севиќ добила брутални закани од лихвари!
-
Барал од адвокатите да му донесат документи за развод: Дарко и Ана се разведуваат во болница!
-
Швајни доби награда, но ѕвезда на вечерта беше неговата сопруга!