На 14 и 15 ноември ноември во Драмскиот театар во Скопје и на 16 номеври во Македонскиот народен театар, ќе се одржи четвртото издание на тридневниот театарски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маска – Театар без дискриминација“ . Организатор на настанот е Здружението на граѓани за развој на регионите „Свет на различни, а еднакви“.
Фестивалот „Игри без маска“ е со меѓународен карактер и на него настапуваат театарски групи на лица со и без попреченост од Бугарија, БиХ, Србија, Македонија, Косово и Хрватска.
Првите два дена (14 и 15 ноември) со почеток во 11.00 часот во Драмскиот театар во Скопје ќе се одржи натпреварувачкиот дел, а на 16 ноември во 12.00 часот во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечената програма со ревијалниот дел и доделувањето на наградите.
Идејата на фестивалот е унапредување на квалитетот на лицата со инвалидност преку еднакви можности на сите што ја сакаат магијата на театарот. Оттука и мотото „Различноста на сцена не’ прави посебни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.