Филмот „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески ја освои наградата на публиката во рамки на „Balkan Survey“ програмата на 58. Солунски филмски фестивал.
Тоа e единствената награда што се доделува во балканската програма и прва награда доделена на македонски филм во 58-годишното постоење на фестивалот.
Балканската програма оваа година беше исклучително престижна, учествуваа 10 филма, меѓу кои и овогодинешниот добитник на сребрена мечка на берлинскиот филмски фестивал, романскиот „Ana Mon Amour“, потоа добитникот на „Фипресци наградата“ на Софискиот филмски фестивал, српскиот филм „Реквием за госпоѓа Ј“ и уште еден романски филм, учесник во официјална конкуренција на Локарно – „Charleston“.
– Сѐ уште сум под огромни ипмресии. Големо задоволство во моментов ми е што наградата на публиката ми покажа дека филмот кој се движеше на тенка линија помеѓу драма и комедија целосно допре до интернационалната публика. Се смееја на хуморот, се плашеа за главниот јунак, навиваа за среќна завршница. Имав две прекрасни проекции, а во релаксирана атмосфера слушнав коментари кои ми покажаа колку сме блиски како култури, особено притиснати од нашите апсурдни балкански невољи. Се надевам на добар прием и кај нашата публика – изјави режисерот Ѓорче Ставревски.
Филмот „Исцелител“ македонската премиера ќе ја има на фестивалот затворањето на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ на 19 ноември во скопското кино „Милениум“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура