| четврток, 6 декември 2018 |

Втора жртва за четири дена: На патот Битола – Прилеп попладнево загина уште едно лице

Едно лице загина, а 4 се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи во 17,20 часот попладнево на патот Битола-Прилеп, потврдиле од битолската полиција за Апла.мк.

35 годишниот Т.С. од битолското село Граешница го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево во 17,20 часот, се случи на магистралниот пат Битола – Прилеп во близина на Топлчани, при судир на две возила марка „Голф 4“ со битолски регистерски таблички и „Голф “5 со прилепски регистерски таблички, потврдил портпаролот на битолската полиција, Лефтерија Миленковска.

Во четвртокот, 19-годишно момче загина на истиот пат рано утрото во сообраќајка во која учестуваа 4 возила. Рено Твинго, Шкода со битолски регистерски таблици, мерцедес со скопски таблици и камион МАН, со велешки регистерски таблици учестувавле во сообраќајката во која загина 19-годишниот Т.Ѓ. од Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top