Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од денеска воведува нова автобуска линија број 33 од Долно Лисиче до Дом на печат.
Од ЈСП посочуваат дека новата автобуска линија се воведува на брање на граѓаните. Трасата на движење е од Долно Лисиче, Горно Лисиче, населбата Лисиче, Транспортен центар, Југодрво, плоштад „Македонија“ и Дом на Печат. Во обратна насока, ќе сообраќа по истата траса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.