| четврток, 6 декември 2018 |

„Мистер Бин“ на 63 години по трет пат ќе стане татко

Роуан Аткинсон, на 63 години, ќе стане по трет пат татко. Ѕвездата од серијата „Мистер Бин” го чека бебето со својата девојка Луиз Форд (33), која треба
да се породи во следните неколку недели.

Аткинсон веќе има две возрасни деца ­Бен (23) и Лили (21) од претходниот брак. Тој беше 24 години во брак со шминкерката на Би­Би­Си Сантера Састри (55), но во 2014 година се појавиа гласини дека нашол нова љубов. На крајот, се покажа дека тоа била Луиза Форд, актерката која ја запознал во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top