Лили Аткинсон е ќерката на актерот Роуан Аткинсон. Никој не прави гримаси како Мистер Бин, но неговата наследничка му стана остра конкуренција.
Лили има 20 години и е пејачка. Глумела во неколку филмови. Нејзиниот профил на „Инстаграм“ е преполн со фотографии на кои се гледа колку е убава, но и на оние на кои прави гримаси.
Погледнете како би поминала кога во правењето смешни гримаси би се натпреварувала со нејзиниот познат татко.
Роуан Аткинсон ги добил Лили и синот Бенџамин во бракот со Сунетра Састри од која неодамна се разведе.
На официјалниот сајт на Лили пишува дека почнала да пишува, да пее и да танцува на петгодишна возраст, а дека на 14 ги напишала првите песни. Пораснала во Лондон во креативно опкружување, но на 13 години заминала во интернат. Училиштето го напуштила на 18 години и решила да се посвети на музичката кариера.
Настапува во Лондон, а пред три месеци на „Инстаграм“ споделила фотографија од „буба“ со сплитски регистрации каде позира со две другарки, а до сликата пишува:„Го најдов автомобилот на тато“.
Лили не споделува само фотографии со гримаси, туку има и такви на кои се гледа природната убавина на оваа млада дама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Млада девојка мислела дека е настината, а на лекар и кажале дека минути ја делеле од смртта