Во вчерашната ноќна акција на МВР во соработка со повеќе инспекциски служби се затворени вкупно 13 угостителски кафани, а контроли биле извршени во 24 објекти. Според информации на МВР затворени се следниве објекти.
1. Гостилница Мал Алтан
2. Кабаре Миднајт – ДПТУ Парламенто
3. Кафе бар Версаче
4. Кафе бар Јари Дупка
5. Кафе бар Конект – Тим Трејд Дооел
6. Кафе бар Ла Лара
7. Кафе бар Снеки бар
8. Ноќен бар Вокс
9. Ноќен клуб Аристократ
10. Ноќен клуб Капан Ан
11. Ноќен клуб Ле Клуб Из Дооел
12. Пивница Темов Доо
13. Ресторан Гиго
Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период. Нема да биде толерирано никакво непочитување на законите, велат од МВР.
Повеќето од локалите кои вчера беа затворени се лоцирани во ГТЦ и во Старата скопска чаршија. Во дел од нив се кршеше и законот за забрана за пушење на јавни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.