| четврток, 6 декември 2018 |

Утре се прегласува во Чаир – денеска гласаа болните и изнемоштените

Ден пред повторувањето на гласањето од вториот круг на Локалните избори на избирачко место 2901 во општина Чаир денеска гласаа болните и изнемоштени лица.

Од Општинската изборна комисија на Чаир за МИА изјавија дека три болни лица се пријавиле да гласаат, од кои гласачкото право го оствариле двајца.

На избирачкото место 2901 во Чаир вкупно се запишани 719 избирачи.

Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.

Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа.

Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top