Полицијата од северниот албански град Скадар, во селото Вилум заплени 1,5 тони марихуана, која со моторен чамец требало да биде транспортирана во правец на италијанскиот брег.
Дрогата била откриена во моментот кога истата од камион била претоварана во моторен чамец.
Уапсени се пет лица меѓу кои и полициски офицер, кој користел две имиња Енрико Зилја и Прел Зилја, инаку брат на заменик командирот на граничната полиција во Скадар.
Во акцијата биле вклучени и припадници на единицата за брза интервенција. Групата била следена подолг период.
Лидерот на опозицијатаго обвни премиерот Еди Рама дека заедно со поранешниот и актуелниот министер за внатрешни работи Сајмир Тахири и Фатмир Џафај, во полицијата вработувале криминалците.
– Рама – Тахири – Џафај ја преполнија полицијата со шверцери на дрога. Потврда плус за тоа е и денешната акција, изјави Баша.
Тој додаде дека уапсениот полициски офицер претходно бил осудуван во Италија за исто кривично дело
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.