| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил гори пред врвот Серта, на патот Неготино-Штип

Автомобил Мерцедес се запали пред врвот на Серта, на патот Неготино-Штип. Автомобилот е со прилепски таблички, а најверојатно се запалил поради неисправна инсталација.

Патниците од автомобилот се добро, а повеќе луѓе што поминувале на патот го гаснеа пожарот. Пристигнаа и две пожарни возила, едно од Штип и едно од Неготино.

 

извор: локално.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top