| четврток, 6 декември 2018 |

Анѓушев призна: Мојата фирма е единствена во Македонија која произведува литиум-јонски акумулатори

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера обвинија дека одлуката на Владата за ослободување од царина за увоз на електрични литиум-јонски акумулатори е наменска и служи единствено за задоволување на бизнис-потребите на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Од партијата додадоа дека фирмата на Анѓушев е единствена фирма што користи ваков тип акумулатори.

Вицепремиерот во Владата на СДСМ и Заев, Анѓушев, денес на прес-конференција призна дека неговата фирма „Брако“ е единствена фабрика во Македонија која произведува литиум-јонски акумулатори.

Тој се обиде да ја образложи одлуката за ослободување од царина и увоз, но не можеше да избегне и директен одговор на оваа тема.

-Станува збор за литиум-јонски акумулаторски батерии за производство на електрични возила. Не станува збор за акумулатори кои ги има во секое возило. Прво, одредбата е само за производители, а е на иницијатива на полска компанија која што има намера во Македонија да отвори фабрика за мали автобуси кои ќе бидат на електричен погон. Предуслов за отворање на таа инвестиција е практично да ова се случи. Но, тоа не е само заради нејзе. Цел свет оди на електрични автомобили, во сите држави во европската заедница акумулаторите за електрични автомобили се ослободени за да тоа се стимулира. Кога вие купувате автомобил електричен, тој целиот е ослободен од акциза за да се стимулира еколошкиот аспект, рече Анѓушев.

На новинарско прашање „Дали неговата компанија ќе има бенефит од ова“, Анѓушев одговара:

-Значи компанијата „Брако“ е како сите други компании во Македонија, таа е производител на електрични камиони и во моментов нема да има бенефит бидејќи комплетното производство го извезува, рече Анѓушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top