Грција и понатаму останува дестинација број еден за македонските граѓани кои својот летен одмор планираат да го поминат надвор од границите на земјата.
Според последните податоци, од почетокот на годината до први ноември, земјата ја посетиле над 275 илјади граѓани од Македонија, а се очекува истата бројка до крајот на декември да се доближи до 300 илјади.
Она што малкумина го знаат е тоа дека грчката влада од почетокот на 1 јануари 2018 година преку закони воведува неколку новини кои еднакво ќе важат и за македонските граѓани кои ќе ја посетат оваа земја. Со цел поголема информираност, навремено планирање на трошоците и намалување на веројатноста да ви пишат казна, информирајте се за клучните работи кои ќе почнат да важат од следната година.
1. Грчкиот министер за транспорт Христос Спирцис најави дека до крајот на 2017-та ќе почне воведување на нов систем на наплата на патарини при што ќе се укинат наплатните пунктови.
2. Од 01.01.2018 година грчката влада ќе воведе нов данок за престој чија висина ќе зависи од бројот на денови кои планирате да ги поминете во Грција.
3. Министерот за транспорт вчера најави дека ќе се зголеми максимално дозволената брзина на грчките автопатишта од 130 км/ч како што е сега, на 150 км/ч. Се уште не се знае кога ќе започне да важи ова.
Од туристички аспект, треба да имате предвид дека пред околу 2 месеци, поради расфрланото ѓубре на плажите и недоволната хигиена, 19 плажи во Грција го загубија значајното меѓународно признание “сино знаме“ како доказ за висико еколошки стандарди на плажите и пристаништата во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција