Модерната медицина им помага на се поголем број луѓе да живеат долг и здрав живот, но новите истражувања покажуваат дека расте социјалната изолција која се смета еднакво штетна по здравјето, како што е пушењето цигари или дебелината.
Американските научници предупредуваат на „епидемија на осаменост“ која влијае на развој на многу здравствени проблеми. Резултатите од истражувањето кое неодамна ги објави американското здржуение на психолози, покажуваат дека лицата со повеќе социјални контакти имаат дури 50 отсто помалку шанси за ненадејна смрт од оние кои помалку се дружат.
Мета-анализата спровведена на 148 студенти од САД, Европа и Австралија покажуваат дека социјалната изолација, осаменоста и одлуката за самачи живот значајно влијаат на прерана смрт, скоро исто како и другите ризични фактори како што се пушењето цигари или дебелината. Податоците од истражувањето даваат силни докази за значењето на социјалните контакти за физичкото здравје на поединецот.
– Осамените луѓе почесто пушат, често се дебели и ретко вежбаат – велат научниците.
Се верува дека осаменоста се поврзува со зголемената опасност од развој на рак и кардиоваскуларни проблеми.
Во 2010 година околу 35 отсто од возрасните луѓе постари од 45 години биле хронично осамени, а само десет години порано тој процент изнесувал 20. Како причина се наведува дека се повеќе домаќинства имаат само по еден член, зголемена стапка на разводи и силното фокусирање на социјалните медиуми отколку на вистински животни контакти.
Лицето не мора физички да биде само, за да се чувстува осамено. Осамени се чувствуваат 43 отсто од луѓето, иако само 18 проценти од нив живеат сами. Често луѓето во бракот чувствуваат недостаток на обмислена интеракција. На осаменост не се предодредени само луѓе од одредена возраст, иако најчесто од неа патат луѓето од третата животна доба.
Промените во општеството не се секогаш нужно негативни. На пример, скајп на повозрасните, помалку подвижните лица им дава шанса да останат во контакт со членовите на семејството со кои не се гледаат често. Треба да се прекине и со предррасудата дека лицата кои имаат деца се помалку осамени. Децата не се гаранција за спречување на осаменоста, особено ако живеат на друг крај на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.