Институтот за јавно здравје во Ниш денеска објави епидемија на мали сипаници на Клиниката за детски интерни болести во Клиничкиот центар во тој град.
– Преземени се сите мерки за сузбивање на епидемијата, предвидени со Законот по предлог на Институтот за јавно здравје во Ниш – се вели во соопштението.
Една од мерките е и забрана на посета на пациентите на Клиниката.
Општата здравствена состојба на заболените пациенти е добра, без компликации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.