Утрово пожар избувна во просториите на Градежниот факултет во Скопје, а околу 9 часот можеа да се забележат неколку против-пожарни возила со уклучени сирени како движат кон локацијата по булеварот Партизански одреди.
Меѓутоа, откако се упатиле противпожарните екипи да го изгаснат пожарот, пред факултетот имало паркирано такси возило, а такситот не бил во него. Пожарната не можела да влезе, па затоа раце го дигале возилото. Исто така, и кај пекарата Силбо не можеле да поминат против-пожарните возила, па викале пајаци за да ги креваат паркираните возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.