| четврток, 6 декември 2018 |

Се запалил Заводот за испитување на материјали, евакуиран целиот објект – Детали за пожарот на Градежен

Пожар изби утрово во Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии во Скопје. Објектот е споен со зградата на Градежниот факултет, на булеварот „Партизански одреди“.

Неофицијално, евакуирани се студентите и сиот кадар од Архитектонскиот и од Градежниот факултет, како и од Заводот. Екипи на противпожарната служба од Скопје веќе се на местото.

Според последните информации, пожарот е ставен под контрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top