| четврток, 6 декември 2018 |

Голем скандал во морнарицата на САД: 60 адмирали „горат“ поради секс-оргии

Над 400 војници се наоѓаат под сомневање во врска со истрагата за случајот „полниот Леонард“, кој се однесува за корупција и аморално однесување во редовите на морнарицата на САД, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Според материјалите на судот малајскиот бизнисмен Леонард Глен Френсис со прекар полниот Ленард им нудел на воените старешини подароци, патувања и правел забави со проститутки, во замена за доверливи информации во врска со порачките на морнарицата на САД.

Во материјалите за случајот, особено, се споменуваат часовници во вредност 25.000 долари, пури и коњаци од ретки марки. Дел од осомничените кои примале поткуп од полниот Леонард, 60 активни адмирали веднаш поднеле оставка.

Новинарите, сепак, истакнуваат дека обвиненијата се укинуваат само против две лица – високо поставени старешини. На клупата има и 28 офицери од средната класа. Во моментов се разгледува прашањето за дополнување на обвинителниот кат за случајот Леонард, кој е даден на судење во специјализиран воен суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top