Полицијата го блокира квартот Нејви Јард во Вашингтон откако во седиштето на американската морнарица се слушнале истрели, по што комплексот е затворен, изјави портпаролот на ВМС на САД, Педро Родригез без да прецизира дали има повредени.
Американските медиуми објавија снимки на кои се гледаат десетици полицајци со заштитни елеци и шлемови, распоредени во Нејви Јард, а над нив кружи хеликоптер. Тие го пребаруваат теренот во потрага по вооруженото лице.
Објектот се наоѓа на брегот на реката Анакостија во Вашингтон, на само неколку километри од Белата куќа.
Во септември 2013 година во истиот комплекс вооружен маж застрела 12 лица, а осум беа повредени. Напаѓачот веднаш потоа беше убиен од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.