Геј-парада ќе се оддржува во Скопје. Според непотврдени информации, деновиве пристигнала официјална најава за организација на првата геј-парада во Македонија почнувајќи од 18 до 23 јуни. Центар на парадата ќе биде Скопје.
Здруженијата што работат на правата на геј-популацијата во Македонија најавуваат низа активности и настани во Скопје. Тие ќе почнат со парада која ќе има за цел да ја подигне свеста кај луѓето за ЛГБТ популацијата.
Според најавите од здруженијата, „Неделата на гордоста“ ќе продолжи со настани, работилници, предавања и дебати на тема геј-популацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


