Веста за разводот на Аа Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста одекна како бомба.
Пејачката пред неколку дена преку социјалните мрежи призна дека донела одлука да стави точка на бракот со раперот, како и дека тоа е нејзиниот најголем пораз во животот. Сепак за поранешниот маж, имаше само пофални зборови.
После Ана се огласи и Раста, и тоа на ист начин. Имено тој на својот налог на Инстаграм објави отворено писмо.
– Никогаш ова не сум го правел, но накратко ќе ви се обратам, со оглед на тоа дека читате разни лаги и бљувотини. Ана и јас се разведовме, но ние имаме нешто што е нераскинливо, а тоа е Тара, смислата на нашите животи и најубавата заедничка работа, која ќе не врзува засекогаш. Ана е прекрасна мајка, каква Тара и јас ниту на лотарија не би можеле да добиеме, таа е и мој брат и мој пријател. Затоа секогаш ќе се сакаме на некој начин-напишал Раста на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цело време лажел: Ќерка на српски фолкер го растурила бракот на Раста и Ана?
-
Немој да се силиш, или ќе те иселиме од станот: Ана Севиќ добила брутални закани од лихвари!
-
Барал од адвокатите да му донесат документи за развод: Дарко и Ана се разведуваат во болница!
-
Швајни доби награда, но ѕвезда на вечерта беше неговата сопруга!