| четврток, 6 декември 2018 |

Итно префрлена на скопските клиники: Гостиварка паднала од четврти кат

Н.Н.(31) од Гостивар паднала од прозорец од четвртиот кат на станот во кој престојувала на улицата „Мара Угринова“.

Од паѓањето, како што соопшти МВР, здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, итно е префрлена на скопските клиники.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот кој е пријавен вчера околу 17:45.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top